Припадниците на овој хороскопски знак се сметаат за неверни, несигурни и груби

од Vladimir Zorba
387 прегледи

Секој хороскопски знак го поврзуваме со неговите карактеристики. Постојат традиционални мислења за луѓето во зависност од знакот во кој се родени, па често сме внимателни околу Скорпиите, бидејќи се плашиме од нивната одмаздољубивост, Јарците ги сметаме за скржави тирани, а Лавовите себични.

Кога станува збор за Стрелецот, за нив се врзуваат многу предрасуди. Општо е мислењето дека не можат да се обврзат и дека се склони кон неверство во врските и бракот. Вистина е дека тие ја ценат слободата пред се друго и не сакаат да останат на едно место предолго, но тоа не значи дека не можат да се врзат. Доколку пронашле партнер кој им дава доволно простор и слобода, родените во овој знак стануваат верни и лојални партнери какви што секој би посакал.

Многумина го сметаат Стрелецот безобразен. Припадниците на овој знак се главно искрени и директни, во кои понекогаш претеруваат, но најчесто не се злонамерни. Обично се дарежливи, чесни и не сакаат никому да повредат. Луѓето често погрешно ја толкуваат нивната тенденција да го кажат она што мислат дека е грубост, но зад тие зборови нема злоба или скриена намера, па нивната искреност е всушност квалитет што треба повеќе да го цениме.

Тие често се обвинуваат дека се несигурни. Стрелците обично ветуваат повеќе отколку што можат да остварат, па затоа ги кршат своите ветувања. Иако имаат добри намери во моментот на ветување, тие се слабо организирани и понекогаш погрешно ги проценуваат своите опции или едноставно забораваат. Редовно се полни со планови и одат таму каде што е акцијата, па не е чудно ако нешто заборават. Сепак, на нив може да се потпрете. Искрено ќе им биде жал што некого изневериле, па следниот пат ќе се трудат повеќе и ќе најдат начин да го надоместат тоа.

Слични содржини