Припадници на АРМ ќе учествуваат на вежба во Германија

од Nikola Popovski

Владата денеска донесе одлука, на предлог на Министерството за одбрана, за испраќање 134-ца припадници на Армијата на Република Северна Македонија, за учество на вежбата „SABER JUNCTION 22″, којашто ќе се одржи во Сојузна Република Германија, во период од 28 август до 21 септември 2022 година.

На денешната владина седница е разгледана и усвоена и Информацијата од Министерството за одбрана за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија, за изведување обука за евакуација на лица во тешко проодни планински услови.

Слични содржини