Припадниците на единицата Азов објавија ВИДЕО од жени и деца заробени во фабриката за челик

од Vladimir Zorba
530 прегледи

Припадниците на единицата Азов објавија видео од деца кои се наоѓаат во просториите на опколената фабрика за челик Азовстал во Мариупол.

На видеото снимено на 21 април се гледа како борците на Азов им носат храна на цивилите, главно жени и деца, кои речиси два месеци се кријат во подрумите на фабриката Азовстал. На видеото, цивилите велат дека им снемува храна, бараат евакуација на териториите под контрола на Украина, велејќи дека сакаат да ги видат своите роднини и сончевата светлина.

Да потсетиме, вчера украинската омбудсманка Људмила Денисова изјави дека во Азовстал биле заробени околу 1.000 цивили. Тие се закопани под урнатините на бомбардирана фабрика, плашејќи се од убиства и мачења од руски војници и носење во филтрациони логори.

Украинските бранители во Мариупол живеат одвоено од цивилите во подрумите на фабриката Азовстал за да не ги загрозат, изјави командантот на Азов, Денис Прокопенко.

Од почетокот на војната во Украина загинале 208 деца, а 387 се повредени, соопшти канцеларијата на главниот обвинител на Украина, пренесе Нова газета. Најголем број на убиени деца е забележан во регионот на Доњецк (119), Киев (113) и Харков (91).

Овие бројки не се конечни, бидејќи се уште се идентификуваат жртвите во зоните на активни борбени дејствија, како и во окупираните и ослободените подрачја, соопштуваат од канцеларијата.

Според Канцеларијата на јавниот обвинител, од почетокот на војната во Украина се оштетени 1.500 училишта, од кои 102 биле целосно уништени.

Слични содржини