Припаѓате во ЕУ и правите напори да ја задржите државата на европскиот пат, а Шведска ќе биде поддршка за членство во Унијата, била пораката на Ами Ларсон Џеин, соопшти вицепремиерот Бојан Маричиќ по средбата со шведската амбасадорка.
„Низ разговорот со амбасадорката на Кралството Шведска се согласивме дека треба сите да се посветиме на европската перспектива на државата и со успешни уставни измени да ја впишиме Северна Македонија во новите граници на ЕУ.
Направивме голем чекор напред и имавме позитивен старт на скринкнг процесот за време на шведското претседавање со ЕУ, сега треба да се задржи динамиката и да се направи нов чекор напред до крајот на годината.
Благодарност за континуираната помош и поддршка од Кралството Шведска на билатерален план и низ искрено партнерство и пријателство ќе продолжиме да ги унапредуваме меѓусебните односи, отворајќи нови можности за унапредување на соработката и развој на двете држави“, сподели Маричиќ.