Природен гас за топланите и за другите потрошувачи ќе се набавува од бугарската фирма „Balkan Utilities”

од Vladimir Zorba
242 прегледи

ЕСМ Продажба денеска потпиша договор за снабдување со природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останатите потрошувачи на природен гас, пред се поголемите производствени и услужни капацитети.

– Договорот е потпишан со фирмата Balkan Utilities од Бугарија, за испорака на природен гас за месец јануари по цена од 115,97е/MWh. Истата фирма даде понуда за снабдување и до 1.5.2023г., со тоа што ќе дава месечни понуди за цена пред почетокот на секој месец. Досегашниот снабдувач со гас на АД ЕСМ, Макпетрол Пром–Гас, понуди цена од 116,20e/MWh, која не беше фиксирана, односно е подложна на корекции за јануари. Третиот понудувач A.P.M.P. Handels Ges не даде комплетна понуда, соопштија попладнево од ЕСМ Продажба.

Потрошувачите на природен гас во државата потребно е да се обратат до ЕСМ Продажба за понатамошно снабдување за своите потреби од 1.1.2023 година.

ЕСМ Продажба на 23 декември објави повик за прибирање понуди од домашни и странски компании кои имаат можност да ја обезбедат и да испорачаат потребната количина на природен гас. Дополнително била испратена директна покана за понуда до сите активни лиценцирани фирми за трговија и снабдување со природен гас во државата.

Слични содржини