„Природен протокол за сите кои биле во кочанската дискотека“: Д-р Беќаровски со совети за детоксикација ако сте вдишале отровни гасови

од Nikola Popovski
305 прегледи

Докторот и екс-директор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски сподели совети за природна детоксикација на организмот за сите лица кои биле во кочанската дискотека „Пулс“ и кои вдишале отровни гасови. Според него, протоколот е применлив и за сите кои биле изложени на чад и токсични материи, како и за пушачи и луѓе што живеат во загадени урбани средини.

„1. Секој ден конзумирајте 2-3 литри вода.

2. Утрото започнете го со чаша топла вода во која ќе исцедите 1/2 лимон.

3. Во текот на денот испијте еден зелен чај и еден чај од ѓумбир и куркума.

4. Јадете барем едно јаболко и што повеќе брокула, зелка, карфиол, berries (малина, капина, јагода)

5. Ручекот нека Ви биде, леќа, овес, интегрален ориз, печурки (по можност реиши)

6. Препорачлива е сауна, или барем секојдневно 10 минутно наизменично туширање со топла/ладна вода.

7. Intermittent fasting 8/16

Кон овие принципи би требало да се придржувате 15 до 30 дена, зависно од изложеноста. Ако сето ова Ви делува премногу комплицирано и тешко изводливо, едноставната алтернатива е 2х на ден 15-30 дена Caps. G-132+Natural и 2-3 литри течности“, објави д-р Беќаровски.

Релативно стабилна е здравствената состојба на повредените кои се хоспитализирани во земјава и во странство.

На Клиниката за токсикологија досега проциркулирале 20 пациенти кои вдишале отровни гасови при стравичниот пожар во дискотеката во Кочани што се случи во неделата во раните утрински часови. Од нив 13 заради влошување на состојбата или заради потреба од механичка вентилација биле префрлени на други клиники, претежно на Клиниката за интензивно лекување, односно на КАРИЛ, а некои се транспортирани надвор од државата.

На Токсикологија во моментов се хоспитализирани седум пациент, а сите овие 20 пациенти вклучувајќи ги и тие на КАРИЛ и во странство се во добра општа состојба, и се стабилни – информира во петокот на прес-конференција, директорот на Клиниката за токсиколоција, д-р Андон Чибишев.

Слични содржини