Природни, а штетни: Овие состојки немојте да ги користите во маски за лице

од desk4
470 прегледи

Интернетот, советите, блогерките, но и хемикалиите во козметичките производи, често ги мотивираат луѓето да се обидат самите да направат домашна козметика од природни состојки.

Но, мора да бидете особено внимателни што користите, бидејќи колку и да се природни, некои состојки воопшто не се наменети за нанесување на лице.

Unsplash

Еве за кои се работи:

Сок од лимон

Овошјето, а особено цитрусите, може да ја изменат ПХ-вредноста на лицето. Лимонот содржи киселини кои го нарушуваат природното мастење на лицето, а освен тоа, кожата станува почувствителна на УВ-зрачењата.

Мајонез

Многу блогерки се колнат во ефикасноста на мајонезот, но сетете се само дека се работи за мешавина од јајца и масло за јадење и веднаш е јасно дека нема ништо здраво во оваа маска за лице.

Алкохол

Многу препарати за лице содржат алкохол, но тоа не значи дека треба да го нанесувате во чиста форма на вашето лице. Тој може многу да ја исуши кожата и да го уништи природниот заштитен масен слој.

Прашок за пециво

Уште една состојка од „направи сам“ маските за лице која ќе ја најдеме во многу рецепти. Прашокот е алкален и може да ја промени ПХ-вредноста на кожата и да ја направи склона кон инфекции и подложна на воспаленија.

Слични содржини