Приштина денеска во Прага ја предава својата апликација за членство во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
181 прегледи

Премиерот на Косово, Албин Курти, денеска во 13 часот во Прага на министерот за европски прашања на Чешка Микулас Бек ќе му ја достави апликацијата на Косово за членство во Европската унија, изјави неговиот портпарол за „Танјуг“.

Чешка, која претседава со ЕУ до јануари, организира мала церемонија за предавање на апликацијата, која ќе биде објавена на Фејсбук страницата на чешкото министерство за надворешни работи.

Апликацијата за членство во ЕУ вчера ја потпишаа претседателката Вјоса Османи, претседателот на Собранието Глаук Коњуфца и премиерот Албин Курти.

Слични содржини