Приштина: Купувањето ракети од САД е дел од планот за преминување на КБС во армија

од Vladimir Zorba
372 прегледи

Министерот за одбрана на приштинските власти, Ејуп Македончи денеска потврди дека се започнати процедурите за набавка на противтенковски ракети „Јавелин“ за Косово од САД и посочи дека одлуката за оваа набавка е дел од планот за преминот на Косовските безбедносни сили (КБС) во војска, јавуваат приштинските медиуми.

Тој најави и дека Приштина планира да купи противвоздушни системи.

Македончи во емисијата „60 минути“ на КТВ изјавија дека барањето за набавка на американски ракети ќе биде испратено на одобрување до Конгресот и дека Приштина очекува позитивен одговор, пренесе „Коха“.

Слични содржини