Приштина повторно воведува мерки на реципроцитет кон Белград?

од Nikola Popovski
343 прегледи

Владата во Приштина, предводена од Албин Курти, повторно ќе воведе мерки за реципроцитет во Белград, тврди приштинскиот весник „Коха“, повикувајќи се на изјавата на владиниот портпарол на Косово.

Во пресрет на парламентарните избори на 14 февруари, лидерот на Самоопределување, Албин Курти, најавил дека, во случај на победа, ќе воведе мерки на реципроцитет, меѓу другите, и за остатокот од Србија.

Сега, 17 дена по изборот за премиер, тој се очекува да го исполни тоа ветување, пишува „Коха“ и наведува дека мерките ќе бидат воведени во „секоја држава што го негира суверенитетот на Косово“.

Портпарол на косовската влада за весникот изјавил дека реципрочните мерки ќе стапат на сила и дека тоа е „право што произлегува од еднаквоста, суверенитетот и независноста на државата да ги штити своите граѓани од произволно однесување и кршење на нејзините права од други земји “.

„Обврска на владата и премиерот Курти е да ги штитат граѓаните на Косово и тоа е во интерес на државата Косово“, рекол владиниот портпарол.

„Ќе следат реципрочни мерки за секоја земја, вклучително и Србија, во сите области каде еднострани активности го нарушуваат принципот на еднаквост и се потпишани договори“, стои во пишувањата на „Коха“.

Слични содржини