Приштина тврди: Со Ескобар и Лајчак е договорено отстранување на барикадите

од Nikola Popovski
191 прегледи

Косовската влада синоќа излезе со соопштение, по средбата на премиерот Албин Курти, специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, во кое се наведува дека „на средбата беше постигнат договор за отстранување на барикадите во северниот дел на Косово и Метохија“.

Во соопштението за медиумите се додава дека на средбата се разговарало за процесот на дијалог и следните чекори, како и за најновите случувања и актуелни прашања, јавуваат приштинските медиуми.

Лајчак по состанокот претходно изјави дека барикадите треба да се отстранат со политички договор, а не со булдожери.

-Јас сум дипломат, за мене најдобар начин за отстранување на барикадите е преку политички договори, а не со булдожери. Имав долга дискусија со премиерот на Косово, Албин Курти. Деталите нема да и ги откријам на јавноста, бидејќи јас сред мисија сум и утре ќе ја продолжам посетата во Белград. Вечерва ќе се сретнам со командантот на КФОР и ЕУЛЕКС, за да ја видам нивната проценка за ситуацијата на терен, а потоа ќе се обидеме да најдеме можни решенија, бидејќи ова не е добро. Не можеме да си дозволиме да чекаме да се случи нешто лошо. Тензиите никому не помагаат и мислам дека некој нормален не е задоволен од оваа ситуација на северот, рече Лајчак.

Слични содржини