Присилна наплата: Северина мора да плати 20 илјади евра, а еве и зошто

од Stefanija Kuzmanovska
308 прегледи

На пејачката Северина Којиќ ѝ се заканува присилна наплата од околу 20 илјади евра за неплатени казни затоа што навреме не го вратила пасошот од нејзиниот малолетен син на нејзиниот поранешен партнер и татко на детето, Милан Поповиќ, пренесуваат хрватските медиуми.

Според порталот „24сата“, за секој ден доцнење, судот ѝ одредил на Северина дека мора да плати околу 125 евра, а пејачката веќе е казнета за објавување фотографии на социјалните мрежи.

Одлуката ја донесе Општинскиот граѓански суд во Загреб во јуни минатата година, а високиот суд ја одби жалбата на Северина и ја потврди одлуката. Во одлуката било наведено дека доколку пејачката не постапи според решението, мора да плати по 125 евра за секој ден на задоцнување.

Судот во Загреб претходно ја казни пејачката со околу 600 евра затоа што на својот Инстаграм профил објави фотографија од нејзиниот син дури и по забраната од судот. Подоцна ја отстрани фотографијата, а судот ја предупреди дека следниот пат кога ќе објави фотографија од нејзиниот син на социјалните мрежи, казната ќе биде двојно поголема.

Слични содржини