Пристигна првата испорака од 6 JLTV лесни оклопни возила

од Vladimir Zorba
314 прегледи

Проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“ е започнат во 2019 година со склучување на Договори помеѓу Владите на Република Северна Македонија и САД, а до крајот на годината очекуваме да пристигнат уште 27 вакви возила, напиша на Фејсбук министерката за одбрана Славјанка Петровска.

„Денеска на пристаништето во Солун, Република Грција, пристигна првата испорака од 6 JLTV лесни оклопни возила во рамките на проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“.

Оваа испорака претставува сериозен исчекор во процесот на модернизација и опремување на Армијата согласно НАТО стандардите и ќе бидат поддршка на Лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која воедно е нашата НАТО единица.

Проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“ е започнат во 2019 година со склучување на Договори помеѓу Владите на Република Северна Македонија и САД, а до крајот на годината очекуваме да пристигнат уште 27 вакви возила“, пишува во објавата.

Слични содржини