Пристигна првата реакција на Украина за „вонредната ситуација“ на мостот на Крим

од Stefanija Kuzmanovska
279 прегледи

Портпаролката на јужната оперативна команда на украинската армија Наталија Хуменјукова рече дека „наводниот напад на Кримскиот мост можеби е руска провокација“ поврзана со продолжување на иницијативата за извоз на жито од Црното Море.

„Типично е што при ваквата концентрација на поморските сили на оваа област и целокупната тензија поврзана со продолжувањето на извозот на жито, создавањето на ваква провокација, за која веднаш и гласно известуваат окупаторските власти на Крим, е типична пример како земјата агресор ги решава проблемите“, рече Хуменјукова.

Црноморската иницијатива за извоз на жито ѝ овозможува на Украина да продолжи да ги извезува своите земјоделски производи и истекува денес. Русија се уште не го потврдила продолжувањето на договорот.

Андриј Јусов, портпарол на Главната управа за разузнавање на Украина (ГУР), изјави за „Суспилне“ дека воената разузнавачка служба не ги коментира настаните на мостот.

„Можеби можеме само да ги цитираме зборовите на командантот на ГУР, Кирил Буданов, дека мостот на Крим е непотребна градба“, наведе тој.

Да потсетиме, рано утринава сообраќајот беше во прекин на мостот што ги поврзува окупираниот украински полуостров Крим и Русија. Рускиот гувернер на Белгородската област изјави дека во „вонредна ситуација“ загинале две лица, а едно дете е рането. Непотврдени информации говорат за две експлозии на мостот.

Слични содржини