480
„Без оглед на тоа колку си брз, никој не може да избега од своето минато“, после дкоро две децении и пет милијарди долари заработка ширум светот, сагата „Брзи и бесни“ го добива својот девет дил на 21 мај.
Дом Торето води мирен живот со Лети и нивниот син, малиот Брајан, но тие знаат дека опасноста секогаш ги демне преку мирниот хоризонт. Овој пат, таа опасност ќе го примора Дом да се соочи со грешките од своето минато доколку сака да ги спаси оние кои ги сака.
Неговата екипа се собира за да го запре врвниот возач и многу вешт убиец кој намерава да го уништи целиот свет, човекот кој случајно е неговиот напуштен брат, Џејкоб.
Во продолжение погледнете го трејлерот: