Утрово пристигнаа 200.000 вакцини од кинеската компанија Синофарм.
Пред поликлиниката Јане Сандански ги пречекаа министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Кина во Република Северна Македонија н.е. Џанг Ѕуо.
-Пристигнаа 200.000 вакцини од кинескиот производител Синофарм. Македонската армија се вклучува со поддршка за растоварување на камионите, напиша министерото за здравство на својот Фејсбук.
На веб страницата vakcinacija.mk е објавено дека досега вакцина против Ковид-19 примиле 55 926 граѓани, а за вакцинација се пријавени 207 332 граѓани. Во тек се и подготовките за масовната вакцинација која треба да започне по велигденските празници во шесте регионални вакцинални пунктови во Куманово, Штип, Битола, Охрид, Тетово и во Кавадарди.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.002, бројката на оздравени пациенти е 132.171, на починати е 4.818, а бројот на активни случаи изнесува 15.013.