157
Министерството за здравство информира дека се обезбедени нови количини вакцини против Ковид-19. Станува збор за 11.520 дози кои ќе бидат распределени во здравствените домови во текот на неделата. За таа цел, сите заинтересирани граѓани кои сакаат да примат вакцина против Ковид-19 можат да се обратат до најблискиот здравствен дом.
Во Скопје вакцинацијата ќе се врши во поликлиниката Бит Пазар.
Вкцините се наменети за возрасни и адолесценти над 12 години.
-Потсетуваме дека вакцинацијата е најдобрата и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението од заразни болести. Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со Ковид-19, стои во соопштението.