Пристигнаа РЕЗУЛТАТИТЕ од долгоочекуваното истражување на вакцините на АстраЗенека во САД

од Stefanija Kuzmanovska
446 прегледи

Универзитетот Оксфорд денес соопшти дека неговата „вакцина за светот“ е безбедна и 79 отсто ефикасна во целина, според податоците од долго очекуваното клиничко испитување во САД, заедно со Чиле и Перу.

Во соопштението, истражувачите од Оксфорд, кои го развија лекот за фармацевтскиот гигант „АстраЗенека“, рекоа дека нивната вакцина против коронавирус е „безбедна и високо ефикасна“.

Во испитувањата, во кои беа опфатени 32.000 учесници во сите возрасни групи, волонтерите примале или две стандардни дози на вакцината на Оксфорд-АстраЗенека или плацебо вакцина, во интервали од четири недели, велат истражувачите од Оксфорд.

Научниците рекоа дека податоците покажале дека вакцината е ефикасна 79 отсто против симптоматски заболувања од ковид 19 и 100 отсто ефективна против тешка болест.

Истражувачите изјавија дека Одборот за надзор на податоците и безбедноста на САД „не пријавиле никакви проблеми меѓу учесниците кои примиле барем една доза од вакцината“.

Резултатите беа објавени во кратко соопштение за јавноста. „АстраЗенека“ соопшти дека ќе ѝ достави целосни резултати на научната заедница во рецензирано медицинско списание и регулаторните на американската Управа за храна и лекови на САД за да побараат итно одобрување за употреба, објави „Вашингтон пост“.

Слични содржини