Пристигнаа резултатите од тестот на корона на сопругата на Амиџиќ 

од Stefanija Kuzmanovska
474 прегледи

По хоспитализацијата на водителот Огњен Амиџиќ поради пневмонија, неговата сопруга, манекенката Данијела Амиџиќ, исто така беше тестирана на корона.

Како што дознава „Нова.рс“, Данијела Амиџиќ денес била тестирана на корона, а резултатот од тестот е негативен.

Да потсетиме, нејзиниот сопруг, водителот Огњен Амиџиќ, беше хоспитализиран во КБЦ Бежанијска коса, поради пневмонија. Тој исто така беше тестиран на корона, а резултатот беше негативен, како и кај неговата сопруга.

„Се чуствувам добро. Ме примија во болница затоа што лекарите сакаат да ја следат мојата здравствена состојба“, изјавил тој за „Нова.рс“, според чии информации, Амиџиќ ќе остане во болницата неколку дена.

 

Слични содржини