580
Примероците земени на 19 август од финската премиерка Сана Марин покажуваат дека таа немала дрога во својот организам, објави финската влада.
Владата објави дека Марин сама го платила тестот за дрога, а медиумите ќе можат да добијат повеќе детали за тестот од нејзината канцеларија. Соопштено е и името на докторот кој ги потпишал резултатите од тестот.
Марин сама иницирала тест за дрога откако во јавноста се појавиле видеа од нејзиното танцување на забава на која присуствувала. Таа ги негираше обвинувањата дека била дрогирана и истакна дека таа вечер пиела само алкохол.