Пристигнаа руските вакцини: Први ќе се вакцинираат постарите граѓани со хронични болести

од Берта Китинска
252 прегледи

Руските вкацини ќе се чуваат  на температура од минус 18 степени, а вакцинирањето ќе започне од среда, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче по примањето на руските вакцини.

-Продолжуваме со националниот план за имунизација, први ќе бидат постарите граѓани со хронични болести.Сите пациенти ќе бидат известени преку своите матични лекари и ќе бидат повикани на пунктовите за вакцинација која ќе почне од среда. Руските вакцини се замрзнат раствор кој има една вијала е наменета за еден корисник. Вакцините ќе се чуваат во пунктот на „Јане Сандански“, рече Филипче.

Рускиот амбасадор Сергеј Баздникин изјави дека ќе се вакцинира веднаш штом се отвори таква можност бидејќи оваа пратка  вакцини се наменети за граѓаните.

До крајот на овој месец, се очекува да стигнат вакцини и од други производители:  кинеската „Синофарм“, „АстраЗенека“ и „Фајзер“. Нарачани се над 2 милиона вакцини. Но, само 120.000 граѓани се пријавиле досега за имунизација.

Слични содржини