Пристигнаа вакцините против голема кашлица за возрасни

од Nikola Popovski
327 прегледи

Вакцините против големата кашлица за возрасни пристигнаа во Македонија. Веднаш ќе можат да се аплицираат кај луѓе кои имаат потреба од таков вид ревакцина.

-Ги има во вакциналните пунктови и може да се дадат за луѓе што имаат потреба од таков вид ревакцинација, изјави министерот за здравство, Илир Демири.

Тој посочи дека денеска ќе ја потпише одлуката на Комисијата за заразни болести за вакцинација на деца и истакна дека и без негов потпис таа е валидна.

-Сега ќе ја потпишам откако ќе се вратам, после настанот, одлуката на Комисијата е валидна и без мој потпис, оти Комисијата е составена од експерти кои носат праведни одлуки во интерес на граѓаните и во интерес на спасување животи, рече министерот.

Од јануари, Комисијата за имунизација побарала од вакциналните пунктови на неимунизираните деца да им даваат по две вакцини одеднаш.

Поразителни се податоците дека 50% од децата во градинките не се целосно имунизирани. Д-р Александар Петличковски од КЗБ апелира до родителите да не бараат потврди за привремена спреченост од вакцинација, такво нешто не постои.

Сите овие мерки се воведуваат за да почне да се почитува календарот за имунизација, со сите дози на вакцини примени навреме, децата се заштитени.

Слични содржини