Пристигната една понуда за компресорската станица

од Nikola Popovski
38 прегледи

Министерството за здравство, согласно објавениот Оглас за јавна набавка на стоки, со предмет на набавка: „Набавка, монтажа и пуштање во работа на станица за компримиран воздух“, денес, изврши јавно отворање преку ЕСЈН.

– Пристигната е една понуда, за која во наредниот период, во рамки на законските рокови, ќе се изврши евалуација од страна на Комисијата за јавни набавки и надворешните ангажирани стручни лица, по што, доколку истата ги исполнува условите од тендерската документација, ќе биде донесена Одлука за избор на најповолна понуда и ќе се пристапи кон склучување на Договор за јавна набавка, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Операционите сали во хируршките клиники со месеци работат со надворешни компресори, кои се преодно решение до поставувањето на новиот компресорски систем.

Драмата со системот на компримиран воздух на скопска хирургија трае од средината на мај, кога операционите сали беа затворени откако се појавила непозната миризба во салите.

На почетокот на јуни, салите беа повторно отворени, но не се користеше системот за компримиран воздух, туку надворешни компресори, a беа повикани и германски експерти.

Слични содржини