Пристигнува и BMW M4 CS

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Извршниот директор на BMW M, Френк ван Мил, во интервју за BMWBlog навести дека во иднина може да има уште еден дериват на М4.

„Имавме M3 CS и M4 CS во минатото, и секогаш велевме дека го имаме овој редовен CS и CSL натпревар. И во моментов немаме CS [во опсегот на М4] така што има уште простор“.

Се чини многу веројатно дека седанот M3 CS ќе се појави прв, со оглед на тоа што веќе се забележани многу прототипови на тестирање. Гласините велат дека спортскиот седан ќе биде прикажан на почетокот на следната година.

Се верува дека M3 CS ќе има автоматски и xDrive погон, како и малку поголема моќност и нешто помала тежина од M3 Competition. Се разбира, можен M4 CS би ги наследил истите карактеристики.

И M3 CS и M4 CS ќе имаат каросерија со поагресивен изглед од моделот Competition, но трансформацијата нема да биде толку екстремна како M4 CSL.

Што се однесува до моторот, 3.0-литарскиот твин-турбо шестцилиндричен ќе има околу 540 коњски сили (M4 CSL има 550 КС).

M4 CSL изгуби 100 килограми во споредба со M4 Competition, додека M4 CS треба да тежи помеѓу 30 и 40 kg помалку. За разлика од M4 CSL со две седишта, идниот M4 CS треба да ги задржи задните седишта.

Со дебито на M3 CS во раните месеци на 2023 година, еквивалентен модел со две врати (M4 CS) може да следи до крајот на годината. Овие две би требало да бидат помалку ексклузивни од M4 CSL во смисла дека BMW најверојатно ќе произведе повеќе од 1.000 единици од секој.