Пристигнува нов топлотен бран во земјава

од Nikola Popovski
27 прегледи

Македонија влегува во нов период на стабилно, суво и претежно сончево време, проследен со значителен пораст на дневните температури. Земјава ќе биде повторно на удар на топлотен бран со сува воздушна маса која пристигнува од југ. Температурите во наредните денови ќе се движат од 32 до 39 степени.

Температурата денеска ќе биде од 11 до 36 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 35 степени.

Високиот температурен бран ќе биде под влијание на топла воздушна маса од југ, односно од Африка.