Пристигнува нова генерација на најпродаваниот автомобил во Европа

од Vladimir Zorba
48 прегледи

Dacia Sandero е на добар пат да стане најпродаваниот автомобил во Европа до 2024 година, кога ќе се соберат сите резултати.

Моделот одлично се снаоѓа на Стариот континент – во првите 11 месеци од 2024 година се продадени дури 245.686 примероци, пренесува JATO Dynamics по најновата анализа.

Следната, четврта генерација се очекува да пристигне во 2027 година, а би требало да остане класичен хечбек со пет врати. Шефот за дизајн на Dacia, Дејвид Дјуренд, рече дека Sandero ќе остане компактен модел кој е лесен за паркирање и економичен.

И во четвртата генерација, која ќе се базира на платформата CMF-B, Dacia Sandero Stepway ќе остане во понуда, а дизајнот малку повеќе ќе се приклонува кон другите модели како Duster и Bigster.

Новата генерација на Sandero ќе доаѓа во две верзии – со бензински и електромотор, иако не би требало да има премногу визуелни разлики меѓу двете варијанти.

Duster добива нови верзии

Не е само Sandero подготвен за надградба – Dacia Duster наскоро ќе биде достапен во хибридна верзија со автоматски менувач и погон на сите тркала, потврди извршниот директор Денис Ле Вот.

„Имаше нешто што недостасуваше во нашиот опсег. Работевме напорно на тоа бидејќи мораме да ги направиме овие системи достапни.

Ле Вот изјави дека погонот на 4 тркала ќе биде поврзан со хибриден погонски систем TCe 140, а на некои пазари и систем Bi-Fuel LPG.

Во хибридниот систем задната оска ќе се движи од електричен мотор, пренесува Autocar.

Новите модели се очекуваат на крајот на годината. Очигледно е дека ова е обид на Dacia да понуди поекономични мотори/погонски системи на своите верзии 4×4 како адекватна замена за дизел моторите.

Слични содржини