Пристигнува нова количина вакцини, по празниците започнува имунизација во регионалните пунктови

од Берта Китинска
191 прегледи

Се надевам дека со забрзаната вакцинација којашто ни следи после Велигден кога кинеските вакцини ќе бидат дистрибуирани согласно бројот на пријавени во регионите во местата за вакцинација ќе ја смени сликата за епидемијата кај нас, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Вчера пристигнаа дополнителни 10.000 вакцини од Фајзер.Вакцините коишто треба да дојдат од Кина вкупно 200.000, преку Истанбул и Белград, со специјален ланец на камиони ќе стигнат во Скопје и ќе бидат сместени во ладна соба во Здравствениот дом Јане Сандански.

Во државава досега се вакцинирани 53 193 граѓани, а на  веб страницата вакцинација.мк се пријавиле 203 047. Процесот на вакцинација се одвива добро, а во тек се и подготовките за масовната вакцинација која треба да започне по велигденските празници во шесте регионални вакцинални пунктови во Куманово, Штип, Битола, Охрид, Тетово и во Кавадарди.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.672, бројката на оздравени пациенти е 129.909, на починати е 4.714, а бројот на активни случаи изнесува 16.049.

Слични содржини