Пристигнува помошта од Чешка и Словенија за справување со пожарите

од Nikola Popovski
13 прегледи

Активни се седум пожари на отворен простор од евидентирани 27 на територијата на државава во изминатото деноноќие, под контрола се три, а 17 се изгаснати. Во справувањето со пожарите денеска треба да пристигне помош од Чешка, која испраќа хеликоптер, и од Словенија, тим од 50 пожарникари со специјализирана опрема.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК),  активни се пожарите во планина Голем Готен и Малешевските Планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација,  во прилепското село Бешиште, кај местото викано Бешишки Рид, со крак кон село Градешница во Новаци и крак кон границата со Грција, зафатена е мешана шума, но не се интервенира поради детонации.

Активни пожари има и меѓу с. Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен во општина Прилеп и с. Галиште и Трстеник во општина Кавадарци,  каде грои мешана шума и ниска вегетација, меѓу с. Црешево, Локвица и Крапа во Општина Македонски Брод, а зафатена е деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, во с. Ќосевица во Македонска Каменица, борова шума, с. Ореше, во Чашка, ниска вегетација и букова шума, во кичевското село Горно Црско, ниска вегетација и ниска шума.

Под контрола се пожарите во с. Грешница  во општина Македонски Брод, каде се зафатени мешана шума и сува трева, меѓу с. Драгоево и Селце  во Општина Штип, нискостеблеста шума, прнар и сува трева и во карбинското село Јунузлија, каде гори шума.

Слични содржини