Пристигнуваат 10 илјади вакцини на „Фајзер“

од Берта Китинска
337 прегледи

Преку Софија до Скопје,  денеска попладне треба да пристигнат 10 илјади вакцини на „Фајзер“. Тие  ќе бидат донесени и веднаш наместени во фрижидерите. Ќе се аплицираат тековно, за да не се изгуби темпото на имунизација и да продолжи процесот.

„Околу 13 000 граѓани се вакцинирани со вакцината на Астра Зенека, останатите се прераспределени по институциите и пунктовите ширум државата. Во салата Борис Трајковски во тек е вакцинација на постарите граѓани над 73 и 74 годишна возраст со нешто редуцирани термини во однос на тоа што беше претходно со оглед на тоа што многу често и не доаѓаат сами потребна им е придружба“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Бројот на заболени полека се намалува, но притисокот во болниците се сеуште е присутен.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.094, бројката на оздравени пациенти е 122.810, на починати е 4.443, а бројот на активни случаи изнесува 19.841.

Слични содржини