478
Денеска според најавите на министерството за здравство треба да пристигнат нови количини на вакцините против ковид 19 „Астразенека“.
-На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку КОВАКС механизмот и ќе ни бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот „Астразенека”, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил .
Вакцини, посочува министерот, ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период.
„Апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk“, напиша Филипче.
Досега вкупно се аплицирани 175.348 дози вакцини, а ревакцинирани се 25.648 граѓани.