Во моментов на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа авионите со посмртните останки на жртвите од автобуската несреќа.
Авионите ќе бидат придружувани од министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, кој за таа цел отпатува во Софија.

На Скопскиот аеродром останките ќе ги пречека висока државна делегација, а на плоштадот „Скендербег“ во Скопје веќе се поставени венци пред кои граѓаните можат да им оддадат почит на загинатите во несреќата.
Поворката со останките која требаше да помине низ главниот град е откажана на барање на семејствата на загинатите.
Фото: Принтскрин