Пристигнуваат авионите со посмртните останки на жртвите од автобуската несреќа

од Берта Китинска
263 прегледи

Во моментов на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа авионите со посмртните останки на жртвите од автобуската несреќа.

Авионите ќе бидат придружувани од министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, кој за таа цел отпатува во Софија.

На Скопскиот аеродром останките ќе ги пречека висока државна делегација, а на плоштадот „Скендербег“ во Скопје веќе се поставени венци пред кои граѓаните можат да им оддадат почит на загинатите во несреќата.

Поворката со останките која требаше да помине низ главниот град е откажана на барање на семејствата на загинатите.

Фото: Принтскрин

Слични содржини