364
Следната недела во земјава се очекуваат 20.000 вакцини донација од Грција и 50.000 од Бугарија.
Дополнително во јуни пристигнуваат вакцини преку Ковакс, но и кинески вакцини.
-Во следниот период ќе се разгледува можноста за вакцинирање деца од 12 до 16 години, откако сад го дозволи тоа со вакцината на „Фајзер“-вели министерот Филипче и нагласи дека тоа мозе да е една од мерките за да може учениците од први септември да се вратат во училиште.
Тој информираше дека вакцинацијата во Македонија продолжува со исто темпо, при што досега се вакцинирани околу 300.000 граѓани од кои што над 230.000 со една доза и 60.000 ревакцинирани, информираше министерот .