Пристигнуваат нови количини вакцини, граѓаните да се пријавуваат за да добијат термин

од Берта Китинска
415 прегледи

Со истата динамика и оваа недела продолжува процесот на вакцинација низ земјава.

–Се спушта возрасната граница согласно бројот на пријавени и некаде навистина е до 40 години, во некои градови каде што нема доволен број на пријавени постари граѓани. Бројката на вакцинари граѓани над 70 години е некаде околу 33 проценти. Ги повикаме и постарите над 70 години, заради тоа што е таа критична категорија на граѓани која најмногу сакаме да ја заштитиме, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Вакцинирани се околу 110 илјади граѓани, а сега се вакцинираат оние 170 илјади граѓани кои се пријавиле на сајтот „vakcinacija.mk” до 30 април.

Оваа недела се очекува да пристигнат околу 10 илјади вакцини на „Фајзер“, по тек на договорот и систем за солидарност на Европската Унија. Според најавите се очекува и донацијата од кинеската армија да пристигне на 15 мај, за време на викендот, и согласно сите тие најави ќе се подготви распоредот за делење на вакцини ширум пунктовите.

Слични содржини