Притисокот врз Меркел расте заедно со откритијата за нападите во Келн

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Германскиот канцелар Ангела Меркел се соочува со зголемен притисок да ја зајакне својата политика кон бегалците, откако во првиот обемна полициски извештај за насилството на Нова година во Келн беа документирани  сексуални напади врз Германка од толпи млади мажи мигранти.

ам

Во исто време полицијата во Келн соопшти дека најмалку 11 странци, вклучувајќи Пакистанци гвинејци и Сиријци, кои беа повредени во напади врз нив во неделата вечер, извршени од хулигани, решени да се одмаздат за нападите во западниот град. Министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер ги критикуваше нападите и предупреди да не дојде до масовно незадоволство против бегалците по настаните во Келн кои  го засилија скептицизмот во однос на политиката на Меркел за усвојување на мигрантите.

Десничарската партија “Алтернатива за Германија” (АГ) го искористи последниот развој, за да го нападне канцеларот, додека членовите на нејзината сопствена конзервативна партија предупредија дека интеграцијата на стотици илјади мигранти кои пристигнаа минатата година, ќе пропадне, ако приливот на луѓе не запре веднаш.

“Ако приливот продолжи како досега, таа интеграцијата нема да функционира”, рече Карстен Линеман, пратеник од Демохристијанската партија (ЦДП) на Меркел. “Ако уште 800 000 или милион луѓе пристигнат оваа година, тогаш нема да сме способни тоа да го направиме”, додаде тој,  и заигра на  оптимистичка теза на Меркел, изразено со зборови “Можеме тоа да го направиме”. Во изјавата од понеделникот Меркел рече дека Европа е “ранлива”, бидејќи сеуште не ја контролира ситуацијата на начин  на кој би сакала.мерке

Во источниот град Лајпциг над 2000 антимуслмански активисти од ЛЕГИДА (Лајпциг гранка на движењето ПЕГИДА) излегоа на улиците, а нивните редови беа исполнети со гнев поради нападите во Келн. Тие извикуваа “Меркел треба да си оди!” И носеа транспаренти на кои таа  е прикажана со хиџаб на глава и со зборовите: “Меркел, земи си ги своите муслимани со себе и исчезни!”.

Според портпаролот на полицијата имало околу или  еднаков број контрапротестанти Во исто време извештајот на Министерството за внатрешни работи во Северна Рајна-Вестфалија, каде се наоѓа Келн, соопшти за 516 кривични жалби, 237 од кои со сексуален карактер. Посебен извештај на полицијата во Келн претстави графички опис на злосторствата набројувани случај по случај на жени, опкружени со толпа мажи, кои им ги пикаат рацете во панталоните и межуножјето на жените,  ги фаќаат по задникот и градите, како често пати тоа е придружено со кражба на новчаници   или нивните мобилни телефони. До сега се идентификувани 19 осомничени, сите се странци и мигранти.

Министерот за внатрешни работи на истата провинција Ралф Јегер зборува за “сериозен неуспех” на полицијата, која била во однос на другите малубројна, но не побарала засилувања. Тој исто така го критикуваше полицијата и поради нејзиното одбивање да се признае дека мнозинството сторители се луѓе со миграциско минато поради  како разбрав “политичка коректност”. “Повеќе од 1.000 Арапи и северноафриканци се собраа на Нова Година крај катедралата на Келн и централната станица. Меѓу нив имаше многу бегалци, кои дојдоа во Германија во последните месеци “, рече Џегер пред специјална парламентарна комисија во Северна Рајна-Вестфалија. “По ексцесите со алкохол и дрога, дојдоа ексцесите со насилство, достигнувајќи  го својот врв со луѓе кои остваруваат фантазии за сексуална моќ”, додаде тој.

0,,18962345_303,00Според анкета на социолошката група “Форс” за телевизија RTL 60% од испитаниците не гледаат причина да го променат својот однос спрема странците по нападите. Околу 37% изјавија дека гледаат на странците повеќе критични. Во Лајпциг Олаф Швермер, еден од активистите на ЛЕГИДА, изјави дека е загрижен од можноста за повеќе напади, ако границата не биде затворена и миграните не бидат депортирани. “Она што се случи во Келн, е сигнал за она што ни претстои”. Според Ралф Јегер сексуалните напади биле извршени главно од луѓе од Северна Африка, кои патувале до Келн од други градови, но тој исто така предупреди да не дојде до посилна реакција против мигрантите. “Да се ​​става етикета на одредени групи и да бидат жигосани како сексуални престапници не само што не ќе биде во ред, но ќе биде и опасно. Оние луѓе кои прават директна врска меѓу имиграцијата и насилството, се играчки во рацете на екстремно десничарските екстремисти “, истакна тој.

Полицискиот службеник Норберт Вагнер изјави на прес-конференција дека банди рокери и хулигани с во неделата  објавиле апели по  интернет  за луѓе да се приклучат на нивните “патувања без насилство” низ Келн, кои всушност се потера и линч за странци. Меѓу жртвите на Крстоносните се шестмина Пакистанци, тројца Германци и двајца Сиријци. Сведоци велат дека виделе и човек од африканско потекло, кој бил нападнат, но неговиот идентитет не е разјаснет , бидејќи тој не се поврзал со полицијата, рече Вагнер. Во случајот не се направени апсења. Полицијата во Келн, исто така направи  тим од 100 луѓе, кој  ги истражува нападите и пораки на социјалната мрежа пред новогодишната ноќ. Меркел повеќепати опстојува на притисокот да воведе лимит на бројот на мигрантите кои влегуваат на територијата на Германија, со образложение   , дека тоа ќе значи затворање на границите – мерка која би била против Шенген зоната за слободно движење

. Во последниве месеци таа  ги зацврсти позицијата и реторика, иако  во декември вети “значително да ги намали” пристигнувањата  во земјата и вети дека ќе даде повеќе овластувања на властите за борба против мигрантите кои вршат злосторства, вклучувајќи и да ги депортираат. Сепак нејзините противници побрзаа да ја обвинат за настаните во Келн. “Секој кој отвори широко границите, треба да знае што носи на  плоштадот” Тахрир “во Германија”, рече водителот политичар на АГ Дирк Дрисанг, кој зборува за плоштадот во египетската престолнина Каиро, кој станал сцена на протести и сексуални напади во 2011 година

—————————-

Ноа Баркин и Михаел Нинабер, агенција Ројтерс.