Притвор за девет лица осомничени за тероризам

од Vladimir Zorba
122 прегледи

На девет од вкупно 36 лица осомничени за кривичното дело  „Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“ им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

lisici-uapsen

Како што соопшти Основниот суд Скопје 1, по разгледување на фактите и доказите предложени од Основното јавно обвинителство и по сослушувањето во присуство на нивните бранители, оценето е дека се исполнети условите кои произлегуваат од одредбите на Законот за кривичната постапка за определување мерка притвор.

Останатите 27 лица најпрво ќе бидат приведени за што е издадена наредба, а потоа, по нивното обезбедување и сослушување, ќе се одлучува дали ќе бидат притворени.