Притвор за дилер на кокаин од струмичко

од Vladimir Zorba
145 прегледи

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Доброшинци, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 20 август, на излезот од Струмица кон Валандово, во автомобил „Шевролет ланчети“ со бугарски регистарски ознаки, осомничениот држел 14 пакетчиња наркотична дрога кокаин со различна тежина. При проверка на возилото, се обидел да се ослободи од дрогата. Дополнителни 20 грама кокаин биле пронајдени и при претрес на неговиот дом.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Слични содржини