Притвор за двајцата браќа кои истепаа лекар во Тетово

од desk2
170 прегледи

Судија на претходна постапка одлучи да им определи осум дена притвор на двајцата браќа за вчерашниот напад врз лекарот во кожното одделение во Клиничката болница во Тетово.

Претходно тетовската полиција им поднесе кривична пријава за насилство.

Според извори во истрагата, двајцата браќа веќе се однесени на издржување на мерката притвор во Казнено-поправната установа Затвор Скопје.

-Кривичната пријава за А.Б.(43) од тетовска Голема Речица и неговиот брат Л.Б.(40 ) од Тетово е поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство”, по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека на 6.9.2019 година, во периодот од 9 до 9 часот и 30 минути, на Одделението за кожни болести во Тетовската клиничка болница, физички го нападнале лекарот А.Е.(45), соопшти денес СВР Тетово.