Притвор за кичевчанец кој чувал поголемо количество оружје и муниција

од Nikola Popovski
24 прегледи

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Грешница за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска состав 3 од Кривичниот законик.

Во простории во сопственост на друго лице, а кои ги користел осомничениот, полицијата извршила претрес и пронашла поголемо количество оружје, делови и компоненти од огнено оружје и муниција – три автоматски пушки, 188 куршуми со калибар за автоматска пушка, една ловна пушка  и 10 ловни патрони, како и една пушка – двоцевка.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори делото, како и можност да влијае врз сведоците во постапката, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Ки

Слични содржини