Притвор за Косовец кој му оставил 50 евра на биро на граничен полицаец

од Nikola Popovski
179 прегледи

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор против 45-годишен државјанин на Косово, осомничен за кривично дело – Давање поткуп по член 358 став 1 од Кривичниот законик.

Вчера на граничниот премин Долно Блаце, осомничениот му дал 50 евра на полициски службеник за тој да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши. Откако претходно возач на авотбус со косовски национални ознаки бил одбиен за влез во државава бидејќи немал соодветен сертификат за професионален возач на автобус, осомничениот дошол на граничниот премин, се претставил како сопственик на превозната компанија и побарал да разговара со сменоводителот. Кога влегол во канцеларијата на сменоводителот на неговото биро оставил банкнота од 50 евра за да им овозможи влез на возачот и автобусот во државава.

Веднаш бил лишен од слобода, а бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и евентуалните соучесници, како и да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител му предложи на судот да определи притворска мерка со цел да го обезбеди неговото присуство во текот на постапката.

Слични содржини