182
Четири автомобили биле украдени во саботата вечерта на хрватскиот остров Брач од страна на 22-годишен државјанин на Северна Македонија, кој по завршување на кривичната истрага бил уапсен и ставен во притвор, пишуваат хрватските медиуми.
Од сплитско-далматинската полиција соопштиле дека била извршила истрага над 22-годишникот во полициската станица Брач.
Тој е осомничен дека ноќта на 7-ти јануари украл четири возила, три во селото Нережишл и едно во градот Супетар, со кои потоа направил сообраќајни незгоди и оштетил едно.
Вкупната материјална штета се проценува на неколку илјадници евра.
Македонскиот државјанин во неделата со кривична пријава за неовластено користење и оштетување туѓ движен имот бил предаден на тамошните затворски служби.