
Ибраими рече дека нема да бега, бидејќи тука е роден, тука живее и тука ќе умре.
Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков е осуден на три години затвор за примање награда за противзаконито влијание, лидерот на ДПА Мендух Тачи доби три години и два месеци затвор за злоупотреба на службената положба, а за истото дело за виновни беа прогласени и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими кој доби четири години и шест месеци, а Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев се осудени по три години затвор.
Случајот се темели на тоа дека Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го искористил своето реално влијание и моќ и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година.
Во обвинението е наведено дека Мендух Тачи ја злоупотребил својата положба и овластувања и го поттикнал обвинетиот Бедредин Ибраими да изврши исто такво кривично дело. Понатаму останатите членови на ДИК ја злоупотребиле својата состојба и донеле одлука со која овозможиле прегласување.
Случајот почна во април минатата година.