Притвор за осомничен за кражби на мобилни телефони во Скопје

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Осумдневен притвор му е определен на 43-годишен скопјанец осомничен за три кривични дела – тешка кражба, против кого постапка поведе Основното јавно обвинителство Скопје.

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, во текот на претходна постапка биле обезбедени докази дека осомничениот на 20 и 26 октомври 2022, во продавница за облека во Градскиот трговски центар во Скопје, искористил невнимание на две жени и им ги одзел мобилните телефони, од кои едниот во вредност од 20.000, а другиот вреден 77.000 денари.

-Осомничениот вчера, 23 март, искористил што градски автобус, кој се движел по булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов”, бил преполн, па од џебот на еден патник одзел мобилен телефон вреден 20.000 денари, соопшти ЈОРСМ.

Оценувајќи дека постои опасност од бегство на осомничениот, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор, судот го прифатил предлогот и определил притвор во траење од осум дена.

Слични содржини