72
За инцидентите на денот и по прославата на албанското знаме, МВР уапсило 18 лица од кои четворица се во притвор. Против десетмина има покренато прекршочни постапки поврзани со дивеењето на скопските улици од аспект на сообраќајниот хаос. Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Според министерот, пред два дена било уапсено уште едно лице кое било фатено како се обидува да го запали албанското знаме во Скопје. Судот веќе му изречил мерка притвор.
-Не паметам да има уапсени 18 лица за вакви настани и да бидат изречени мерки притвор во толку краток временски период, рече денеска Тошковски по средбата со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ.