Приватниците ги паркираа автобусите кај Мавровка и ја започнаа блокадата

од Nikola Popovski
201 прегледи

Приватните превозници од „Слобда превоз“ и „Макекспрес“ утрово паркираа триесетина автобуси кај крстосницата на ТЦ „Мавровка“ и со тоа ги остварија своите најавија за протест и блокада поради неисплатениот долг од страна на ЈСП Скопје.

Како што соопштија утрово, протестот ќе трае се додека не се изнајде решение со градските власти, а доколку не се случи тоа во наредните денови, најавија и тотално парализирање на градот со сите нивни возила на располагање.

Превозниците за денеска најавија дека ќе бидат присутни на седницата на Советот на Град Скопје, но сепак ќе немаат право на збор.

Покрај разговорите со советничките групи, приватниците бараат помош и од државниот врв за решавање на проблемот.

Веќе седум дена како на скопските улици не сообраќаат автобусите на приватните превозници.

Слични содржини