Приватните превозници повторно најавија паркирање на автобусите, намалувајќи го возниот ред, најавувајќи дека ќе возат само трета смена – од 17 часот навечер.
Оваа одлука на приватните превозници доаѓа откако Советот на град Скопје не го стави на дневен ред предлогот за зголемување на плаќањето по изминат километар. Велат дека нема да отстапат од своите барања и се додека нема одговор ќе останат делумно паркирани.
Инаку вчера претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески кажа дека ќе се дискутира само по предлогот на градоначалничката Данела Арсовка, но таква одлука немало.
Од Град Скопје пак, го обвинија Славевски дека одбил иницијативата да ја стави на разгледување пред советниците.
„Имено, за вчерашната седница на Советот на град Скопје приватните превозници до претседателот на Советот, Трајко Славевски испратиле барање за зголемување на цената на услугите. Ова барање Славевски одбил да го стави на разгледување пред советниците, што е причина за револтот кај приватните превозници денес. скопје е заложник на политичка група, која секојдневно водена од намера да предизвика што поголеми проблеми за скопјани, бидејќи секој успех на Градот тие го сметаат за свој неуспех“, порачаа од градската администрација.
И претходните месеци имаше проблеми со јавниот превоз откако приватните превозници бара исплаќање на средствата за кои велеа дека им ги должи ЈСП Скопје.