Нов ден, стари проблеми со автобускиот превоз во Скопје. Приватните превозници го редуцираа бројот на возила што сообраќаат на улиците поради долгот што кон нив го има ЈСП, иако добиле дел од парите.
-По кавгата во петокот, ЈСП уплати по 500 илјади денари по пакет, но, тоа не задоволува и се премалку средства. Бевме исто така обвинети од директорот Драги Кушовски дека манипулираме со бројките. Затоа ние имаме финансиски картички според кои вкупен долг е 70 милиони денари за пакет 1, а доспеан долг е 35 милиони денари. Долгот е преголем и затоа ние денеска ги повлековме автобусите и ќе возиме редуцирано. Ќе возиме колку што ќе имаме средства за нафта, рекоа денеска дел од претставниците на приватните превозници.
Приватните превозници „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“ кои сообраќаат во Скопје пред три дена најавија дека од денеска ќе возат само од 5 до 10 часот ако ЈСП не им исплати 90 милиони денари за изминатите шест месеци.