Приватниците утре ќе протестираат пред Градското собрание со 200 автобуси

од Nikola Popovski
236 прегледи

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски информира дека бил замолен од директорот на фестивалот „Златно Славејче“ да го одложат утрешниот протест на приватните превозници или да ја сменат формата на блокада на градот поради одржување на настанот и доаѓање на голем број деца кои ќе присуствуваат.

-Пред Градското собрание утре ќе бидат околу 200 автобуси од 6 часот и делумно ќе биде блокиран булеварот „Илинденска“. До кога не можеме да кажеме, ќе покаже утрешниот ден и ќе зависи дали ќе продолжат во текот на викендот и од понеделник. Ако никој не сака да се свести и ако градоначалничката упорно го повторува јавниот интерес и ако се грижи за јавниот интерес, треба да седне. Добриот менаџер, дури и да сме биле криминалци, ќе обезбеди резерна варијанта. Прво се седнува и се разговара. Вака не е во ред, рече Јовановски.

Тој додаде дека ако нема реакција и резултат после утрешниот ден, 200 автобуси од понеделник ќе ги блокираат крстносницата кај ТЦ „Мавровка“, крстосницата кај зградата на Црвен Крст и булеварот „Илинденска“.

-Ситуацијата може да ескалира и нервозата да отиде понатаму за после тоа да жалиме, објасни директорот на „Слобода превоз“.

Координативното тело на приватните превозници донесе одлука на кој начин ќе го оддржи утрешниот протест. Со почеток во 6 часот ќе бидат блокирани Илинденска, од семафорите после Влада до зградата на МИ-ДА.

Слични содржини