Приватните превозници ќе ги тргнат автобусите доколку Ковачевски им даде гаранции за решавање на проблемот

од Nikola Popovski
229 прегледи

Ако премиерот ни даде гаранции дека ќе се реши проблемот, веднаш ќе ги тргнеме возилата. Не гледам причина зошто прво да не не прими. Гаранциите е да се вратиме на линиите кои ги опслужувавме и состојбата со долгот да се разреши. Градскиот превоз сериозно трпи и премиерот треба да најде модел да не врати да возиме. Со големи потешкотии се врши јавниот превоз, рече денеска претставникот на „Слобода превоз“ Кемал Муриќ за блокадите и протестите на приватните превозници.

Тој го повтори ставот за средба со премиерот Димитар Ковачевски и побара одземање на ингеренциите на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за превозот.

-Треба да се договориме со премиерот. Се работи за интересот на граѓаните. Со една одлука веднаш да бидеме вработени на работа и проблемот да се решава со преговори. Не ни е проблем кој ќе учествува заедно со нас во тие преговори, потенцира Муриќ.

 

Слични содржини