Приватните стано издавачи од Охрид ја оспоруваат забраната за издавање апартмани во станбени згради

од desk3
101 прегледи

Предложените измени од Министерството за економија во Законот за угостителска и туристичка дејност, со кои се забранува вршење туристичка дејност, односно издавање апартмани, станови и соби на туристи во станбени згради, не се прифатливи за приватните станоиздавачи од Охрид.

охрид

Денеска, станоиздавачите ќе остварат средба со претставници на локалната самоуправа од Охрид.
Предлог-измените, од нив беа примени со неверување, бидејќи тие купија стотици и стотици станови, кои ги прилагодија за издавање на туристи.

На тоа печалеа и градежниците и инвеститорите, кои од Охрид направија град во станбена експанзија.Станбени згради никнуваа на секоја можна локација, на најголемиот број од старите згради беа доградени по еден или два ката, додека кај СРЦ „Билјанини извори“ никнува нов град за 15.000 жители.

Станоиздавачите од Охрид веќе имаа првична средба со претставниците на единицата за локален економски развој, а истовремено побараа поддршка и од пратениците од Охрид во Собранието на Република Македонија.

МЕТА